Илиевски: Можно е дури и со набавката на вакцини да било бизнис во прашање

Политичкиот аналитичар Богдан Илиевски истакна дека не треба да се потцени кредибилитетот на италијанскиот весник „Ла Верита“ , затоа што истиот го урнал СЈО.

„Не треба да го потцениме кредибилитетот на весникот што го има, и покрај малиот тираж од 15.000 примероци. Ова што го прочитав денес е поприлично скандалозно. Досега мислев дека немаме вакцини, затоа што се елементарно неспособни да ги набават, но од денес е можно дека дури и со набавката да било бизнис во прашање. Не се случила зделка, но сметам дека имало обид. Јас би прашал како е возможно фирма-медијатор од Хонг Конг да има поголем кредибилитет за набавка на вакцини од една Влада на една држава. Тогаш дај таа нека ни ги води сите ресори и тековни работи“, изјави Илиевски за емисијата „Само вистина“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2021 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега