Има дефект со електрониката - одложен е стартот на 88-та собраниска седница

Собранието не може да ја започне 88. седница поради проблеми со електрониката. Екипите веќе работат на остранување на дефектот, соопштија од кацеларијата на Генералниот секретар на Собранието.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, посочуваат дека за почетокот ќе информираат во текот на денешниот ден, откако ќе бидат отстранети техничките проблеми.

Седницата првично беше закажана за 11 часот, па одложена за 13 часот, а засега не се знае кога ќе почне.

Во текот на денот дневниот ред на 88. седница постојано се дополнуваше со нови точки. На дневен ред на оваа седница, меѓу останати, се и измени и дополнувања на закони, како дел од меркита за справување со енергетската криза, потоа на законот за здруженија и за политичките партии, како и избор на нов министер за локална самоуправа и на двајца судии во Уставниот суд.

17.10.2022 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега