Има ли воопшто пари за мерки за помош на граѓаните и фирмите?

Претседателот на Собранието Талат Џафери тврди дека од принцип го одбил предлогот на ВМРО-ДПМНЕ на утрешната седница на Собранието на дневен ред да се стават само точките кои се однесуваат на законите за економската помош.
„Ако дозволам ваков исклучок, тоа ќе стане правило“ – изјави Џафери на денешната прес конференција на која рече дека поради тоа ја прекинал координацијата утрово.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта практично нема пари за да ги финансира мерките за помош на економијата и граѓаните поради што, се обидува истите да ги блокира во Собранието и тие никогаш да не се најдат на дневен ред. Поради тоа, како што објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ, мнозинството во Собранието овие мерки ги меша со други законски решенија за кои знаат дека се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ а потоа да се обвинува опозицијата дека ги блокира парите кои треба да стигнат кај граѓаните и компаниите.


 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега