Има надеж за хрватскиот капетан: Забележани ракетни сигнали и сплав, спасувачите во трка со времето

 

Главниот секретар на Синдикатот на морнарите на Хрватска, Невен Мелван, денес потврди дека нивната организација добила информација оти во Атлантскиот Океан е забележан сплав и дека сите бродови, кои трагаат по преживеаните од потонатиот брод Бурбон Роуд, тргнале кон таа локација, објави „Курир.рс“.

Мелван рекол дека на бродовите им треба одредено време за да дојдат до локацијата на која сплавот е забележан, пренесува агенцијата „Хина“. Спасувачката акција за морнарите од потонатото пловило со кое раководеше Хрватот Дино Микшиќ ја предводи бродот Алп Страјкер, а двајца морнари на тој брод рекле дека можно е да виделе сигнални знакови во текот на ноќта, па затоа и спасувачкиот брод се упатил кон таа локација.

Бродот Бурбон Роуд потона на 26 септември во Атлантскиот Океан, на 2000 километри од францускиот остров Мартиник. Пребарувањето на океанските води продолжува, а предупредени се и сите комерцијални бродови во тој регион за можни преживеани лица.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега