Ина: Касами нема да оди на средбата со Ахмети во четврток

Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, нема да учествува на состанокот на лидерите на албанските партии кој е свикан од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дознава ИНА.

Како што дознава од неофицијални партиски извори ИНА, Касами нема да биде дел од масата, иако сè уште нема официјална одлука од партиските тела.

Пред еден ден, како одговор на оваа партија, беше речено: „за евентуалната одлука сè уште се дебатира во партиските тела. Има конструктивна дебата и најверојатно утре ќе имаме официјална одлука од партијата“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера ги покани на заедничка маса лидерите на албанските партии, Билал Касами, Зијадин Села, Африм Гаши и Мендух Тачи. 
Средбата е предвидена да се одржи на годишнината од Охридскиот договор, во четврток, на 13.08.2002 година, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Парк“ во Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега