Инцидент на авионот во кој бил турскиот министер за одбрана, морал принудно да слета

Набргу по полетувањето, авионот во кој се наоѓал турскиот министер за одбрана, имал контакт со птица по што бил принуден да слета на аеродромот во блиската воена база недалеку од градот Адана, јавија турските агенции.

Авионот на турското воено воздухопловство ги превезуваше министерот за одбрана, Хулуси Акар, началникот на ГШ, Јашар Ѓулер, и командантот на копнените сили, Умит Дундар, кои се враќаа во Анкара по посетата на воената база Газијантеп, недалеку од граница со Сирија, објавија медиумите.

Авионот претрпел мала штета и никој не бил повреден при принудното слетување.

Макфакс

26.07.2021 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа