Инцидент на море: Судир на руски и турски товарен брод во Босфор

 

Рускиот товарен брод "Русич 10" се судрил во мореузот Босфор со турскиот товарен брод "Тахсин Имамоглу", соопштила крајбрежната стража на Турција.

"Во судирот нема повредени или загинати, а бродовите се оштетени. На самото место се пратени три спасувачки чамци и 14 реморкери на помош. Двата товарни бродови се закотвени на пристаништето", се наведува во соопштението.

Како што пренесуваат медиумите, судирот се случил кај брегот во истанбулската област Јеникеј во Босфор.

Турскиот брод пловел од провинцијата Коџаели во индустриското пристаниште Караденз Ерегли на брегот на Црното море, а рускиот "Русич 10" пловел од провинцијата Бурса.

25.09.2021 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега