Инцидент пред ресторан во Тетово: Уапсени две лица

 

Две лица од Тетово биле уапсени откако започнале физичка пресметка, а едниот од нив нападнал и полицаец, пред угостителски објект.

-СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(21) и Б.Б.(20), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 16.02.2020 пред угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници пристапиле да ги разделат  пријавените кои се расправале и физички се пресметувале, но првопријавениот физички нападнал полициски службеник, а второпријавениот покрај тоа, оштетил и автомобил. Двајцата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега