Инцидент во Градската болница во Скопје: Влегле и тепале се пред себе

Поголема група лица вчера нападнале вработени во Старата Градска болница во Скопје, а кога дошла полицијата да интервенира, инцидентот станал поголем зошто групата се нафрлила и на нив.

Во болницата, како што пренесува А1.он, бил донесен пациент со исекотина на раката, а групата сакала да го заштити и почнала да ги напаѓа вработените. Бил нападнат и персоналот и обезбедувањето, а кога била викната полиција, тие ги нападнале и нив.

- Инцидентот се случи околу 2-3 часот, а болницата беше затворена, за да не дојде до поголем инцидент, велат од болницата за А1.он.

Вакви инциденти се чести, а еден вработен во обезбедување е немоќен да се справи со група насилници.

И утрово на затворена врата на болницата наидоа многу пациенти.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега