Инцидент во Кавадарци: Жена нападната од соседите со дрвен предмет

 

Жена била нападната од своите соседи во Кавадарци, информираше полицијата.

-Вчера во 20:20 часот во ОВР Кавадарци, 58-годишната Д.С. од Ваташа,Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 17:15 часот на ул. „Диме Чекоров“ во Ваташа, Кавадарци во нејзиниот двор од семејна куќа, по претходна расправија била физички нападната со дрвен предмет од нејзините соседи Б.П. и неговата сопруга Б.П. која и упатувала навреди и закани. Од нападот пријавителката се здобила со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа