Инцидент во с.Брест: Татко и син повредени кога џип излетал од контрола при обид за стартување со туркање
Вчера во 14.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Брест, општина Чучер Сандево, М.Б.(49) и М.Б.(20), двајцата од с.Брест, скопско, откако стартувале патничкото возило „џип“ со скопски регистарски ознаки со туркање, изгубиле контрола над возилото и се лизнале по удолница.
Со тешки телесни повреди се здобил М.Б.(49), а со телесни повреди се здобил М.Б.(20), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
12.06.2025 - 16:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа