Инцидент во Скопје: Едно лице прободено и едно со прострелна рана однесени во болница

Две лица се здобиле со тешки телесни  при пукање на Бадник во Гази Баба.
„Вчера во 19:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинската пумпа на подрачје на Гази Баба има едно повредено лице.
 
Подоцна била добиена информација дека со патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, С.И.(33) од с.Сингелиќ бил донесен повреден со остар предмет во Градската општа болница„Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека од местото на настанот, во Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ бил пренесен Е.Е.(31) од с.Арачиново, со прострелна рана и од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот обезбедени се патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, патничко моторно возило„голф“ со скопски регистарски ознаки, чаури и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.01.2021 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега