Инцидент во тетовско: Извадил огнено оружје и го вперил кон таксист

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 57-годишниот К.А. од село Копачиндол- тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 26.05.2020 по претходно настанато недоразбирање околу сообраќај, пријавениот со своето возило почнал да го следи такси возилото кое го управувал Г.А.(47) од Тетово. Откако таксистот дошол и застанал пред такси компанија, помеѓу нив настанала вербална расправија, по што пријавениот извадил огнено оружје и го вперил кон Г.А.. Г.А. се обидел да му го одземе оружјето, а пријавениот со истото го удрил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа