Инцидент во училиште во Виена: Ученик се заканувал со оружје


Виенската полиција и специјалните единици денеска биле повикани во стручното училиште во Линк Винцеил, во Виена, по дојава дека во училиштето има ученик со оружје, јавуваат австриските медиуми.


Виенската полиција на платформата Х потврди дека е во тек голема операција во училишната област Молардгасе и дека сообраќајот е затворен, но не соопшти за каков инцидент се работи.

Медиумите јавуваат дека училиштето е затворено и дека полицијата пребарува кат по кат од зградата.


04.03.2024 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега