Инцидент во Велес: Маж ограбил жена на работно место

Вчера во 18.00 часот во близина на село Мартолци, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.С.(38) од село Оморани, општина Чашка.
Тој се сомничи дека од С.Ѓ.(48) од Велес, додека била на работно место, одзел ранец со пари и лични документи.
Одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а З.С. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
17.05.2025 - 12:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа