Инспектори го испитуваат лекувањето на 24-годишната девојка која почина од Ковид 19 на Инфективната клиника

Инспектори го испитуваат патот на лекувањето на 24-годишната девојка од Тетово, која пред два дена почина на скопската Инфективна клиника од Ковид 19, потврди за „Фокус“, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, доктор Ирина Бухова.

 

„Во тек е вонреден инспекциски надзор во врска со 24-годишната пациентка од Тетово. Ќе се следи патеката на лекување од матичниот доктор, Клиничката болница Тетово, па се до Клиниката за инфективни болести во Скопје – истакна Бухова.

Таа е првиот најмлад пациент кој почина од опасниот вирус, а тоа што беше шокирачки за сите е дека претходно немала никакви хронични болести, за што потврдија и од ресорното министерство.

Како што веќе објавивме, 24-годишната пациентка на Инфективната Клиника во Скопје била донесена на 28 јуни, а претходно се лекувала два дена во Тетовската болница, каде дошла по една недела домашно лекување од КОВИД 19. Во текот на лекувањето кај неа имало одредено подобрување на здравствената состојба, но подоцна дошло до попуштање на срцевата акција и белодробен едем што предизвикало смртни последици. Таа воопшто не не била ставена на респиратор.

Во саботата, во дневниот извештај на министерството за здравство беше објавено дека 24-годишен пациент починал од Ковид 19.

Заклучно со вчерашниот ден, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111,  бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега