Инспектори и полиција затворија чајџилница во Арачиново- сопственикот приведен

Синоќа затворен угостителски објект во Арачиново и приведен сопственикот на истата.

-На 08.01.2021 полициски службеници од ЕВР,ОКР Гази Баба,Единицата за интервентна полиција и ПО Арачиново во соработка со Државниот пазарен инспекторат во 21,20 часот извршиле контрола во чајџилница во село Арачиново и констатирале дека објектот работи и има повеќе гости, велат од МВР.

Од таму наведуваат дека во чајџилницата е затекнат и сопственикот А.Б. (25) од с.Арачиново и тој е приведен во ПО Арачиново, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од КЗ.

Објектот е затворен од инспектори на ДПИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2021 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега