Инспекторите кај д-р Асани откриле комплетна гинеколошка ординација без документација

Инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во понеделникот влегоа во куќата на директорот на струшката болница и гинеколот д-р Мухамед Асани со полициска асистенција.

Откако влегле внатре пронашеле комплетно опремено гинеколошка ординација со чекална, со рецепти, со гинеколшки стол, меѓутоа за ординацијата не постојат никикави документи, дознава „Слободен печат“.

Инаку, пред куќата не постоеле никакви ознаки дека станува збор за гинеколошка ординација.

Директорката ДЗСИ д-р Ирина Сотирова Бухова за „Слободен печат“ изјави дека во ваква ситуација законски морале да ја повикаат полицијата.

– Посочениот доктор беше повикан, дојде и даде доброволна изјава дека има ординација но не ординира, изјави д-р Сотировска Бухова за „Слободен печат“.

Таа додаде дека за време на вонредниот инспекциски надзор во ординацијата не затекнале пациенти ниту вработени.

Токму во оваа домашна ординација родилка и воедно медицинска сестра од Дебар за медиуите изјави дека ѝ била следена целата бременоста која за неа заврши без бубрег, матка и јајчник, меѓутоа инспекторите ова засега не успеваат да го потврдат бидејќи лекарот и директорот на струшката болница тврди дека во оваа ординација не прегледува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа