Институтот„Роберт Кох“ објави список на земји од кои Германците се враќаат најчесто заразени од коронавирус

Институтот „Роберт Кох“ го објави својот редовен неделен извештај за состојбата на пандемијата во Германија, во кој, меѓу другото, се анализира колку Германци се заразиле со коронавирус за време на одморот во странство.

„Инфекциите со Ковид -19, што веројатно се случиле за време на патување или на одмор, играат зголемена улога во сегашната стапка на новозаразени во Германија“, велат од Институтот.

Во извештајот е опфатен период од четири недели.

Од 28 јуни до 25 јули, пријавени се 3.662 случаи на новозаразени а се претпоставува дека пациентите биле изложени на коронавирус во странство.

Според податоците на овој Институт, повеќето од жителите на Германија се заразени со коронавирус во Шпанија во изминатиот период (1.247 луѓе).

Турција е на второ место (249), додека Холандија е на трето место (203).

Хрватска е на четврто место (197), а Грција е петта (180 заразени).

Од шестото до десеттото место се Русија, Франција, Италија, Австрија и Данска.

Се разбира, повеќето Германци се заразени со коронавирус во Германија (81 проценти од новите инфекции), потенцираат од Институтот.

Макфакс

30.07.2021 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега