Интерен извештај на ЦДЦ: Делта сојот е позаразен од сипаници

Интерен федерален здравствен документ од Центрите за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ) предупредува дека делта варијантата на коронавирусот што може да се шири „лесно како сипаници“ кај вакцинирани и невакцинирани лица, објавија „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“.

Весниците објавија дека документот е презентација со слајдови дистрибуирана до службените лица во агенцијата, во која детално се опишани тешкотиите во убедувањето на некои популациски групи да  се вакцинираат и да носат маски и се повикуваат службените лица на ЦДЦ да развијат пораки за јавните служби кои „ја нагласуваат вакцинацијата како најдобра одбрана против варијантата која е толку заразна што делува како различен, нов вирус, пренесувајќи се побрзо отколку еболата или настинката“.

Новото истражување вели дека делта сојот веројатно е и посилен од заштитата што ја даваат вакцините. Вакцинираните луѓе кои се заразиле со делта сојот носеле огромни количини на вирусот во носот и во грлото, што го прави попренослив од САРС, од ебола и од големи сипаници.

Сепак, научниците признаваат дека веројатноста вакцинираните луѓе да го шират вирусот, доколку се заразени, е многу поретка во споредба со невакцинираните луѓе.

Но, за да се спречи смртниот исход, државите ја менуваат стратегијата за да ги убедат луѓето да се вакцинираат, но и за да ги почитуваат мерките. Американскиот претседател Џо Бајден објави дека цивилите вработени во федерална влада мора да бидат вакцинирани или да се подложуваат на редовно тестирање и носење маски.

31.07.2021 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега