Интерпол испраќа експерти во Бејрут кои треба да помогнат во истрагата

Интерпол ќе испрати тим експерти во Бејрут за да им помогне на либанските власти во истрагата за катастрофалната експлозија во пристаништето.

 

– На барање на либанските власти, Интерпол испраќа специјализиран тим во Бејрут по експлозијата во која загинаа повеќе од 150 луѓе и уништи голем дел од градот, се вели во соопштението на Интерпол.

Меѓународен тим кој вклучува И експерти за идентификација на жртвите од катастрофата ќе обезбеди помош на лице место.

Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, рече дека искуството на организацијата ќе им обезбеди значителна помош на либанските власти и ќе продолжи да ја обезбедува целата помош што ја бара Либан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа