ИПИС: Расте предноста на Мицкоски пред Заев


Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски има веќе убедлива предност од 4,3 процентни поени пред својот конкуренти, лидерот на СДСМ и се уште актуелен премиер Зоран Заев, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС)
Според анкетата во Мискоски доверба имаат 18,2% од анкетираните а во Заев 13,9%.

Во споредба до претходната анкета направена пред вториот круг од локалните избори и двајцата лидери имаат намалување на довербата со тоа што онаа која ја имал Заев бележи поголемо намалување.
Тогаш Мицкоски имал доверба кај 19,3% од граѓаните а Заев кај 15,6%.
Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 19 и 21 ноември 2021 на 1105 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија

22.11.2021 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега