Ирак: 27 мртви и 70 ранети во антивладини протести

При пукањето убиени се шест војници и 21 демонстрант за време на конфузијата во кампот во Хавиј на 240 километри од Багдад. Ирачкото министерство за одбрана соопшти дека војската реагирала откако се нашла на удар на напаѓачите на кампот, без наведувања колкав е бројот на жртвите во конфликтот кои избил околу 5 часот по локално време кога безбедносните лили влегле во зоната на протестот во Хавиј западно од Киркук, каде демонстрациите се одржувале уште од јануари.

Бригадниот генерал задолжен за областа, потврдил дека агенцијата АФП била усмерена на сунитските екстремисти од групата позната како Накшбандија војска и дека силите на безбедност отвориле оган откако претходно било пукано кон нив и дека заплениле 34 автоматски пушки „калашников“ и четири „ПКМ“ митралезе на лице место.

 

најчитано сега