Иран издаде налог за апсење на Трамп: Го обивнија за убиство и тероризам, бараат помош од Интерпол

Иран издаде налог за апсење на американскиот претседател, Доналд Трамп, и 30 други лица под сомнение за вмешаност во нападот врз иранскиот генерал во Багдад, изјави денес обвинителот во Техеран, Али Алкасимер.

Иран побара од Интерпол помош за апсење на осомничените, но Интерпол не го коментираше тоа.

Иако американскиот претседател не е во опасност да биде уапсен, обвинувањето ги зголеми тензиите меѓу Иран и САД.

Обвинителот рече дека Трамп и останатите осомничени се товарат за вмешаност во нападот во кој беше убиен генералот Касем Сулејмани на 3 јануари во Багдад.

Тие се обвинети за убиство и тероризам, рече Алкасимер, пренесе агенцијата ИСНА.

Идентитетот на обвинетите не е наведен, освен за американскиот претседател, а обвинителот рече дека Техеран ќе продолжи да го гони дури и по истекот на претседателскиот мандат.

Во напад на беспилотни летала во близина на аеродромот во Багдад покрај Сулејмани, заменик-командант на ирачките милиции поддржани од Иран, беа убиени и пет други лица.

Иран возврати со балистички ракетен напад врз американските сили во Ирак.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега