Ирена од Младеновац загинала во своето купатило - се лизнала под тушот и го скршила вратот

Триесетгодишната Ирена Кики М. која се лизнала на плочките и го скршила вратот во купатилото на смејната куќа во селото Младеновац, погребана е на локалните гробишта. Од Ирена се збогувале родителите, братот, сестрата, роднините и многубројните пријатели.

Како што информира Курир.рс, Ирена таа кобна вечер, на 2. декември, била дома со родителите, Весела и Небојша, и бабата. Влегла во купатилото да се истушира, а родителите се згрижиле затоа што не излегувала цел час.

Тропнале на вратата, но немало одговор. Кога отвориле, затекнале ужасна глетка. Првите резултати од истрагата укажуваат дека се лизнала на голема количина пареа и лизгави плочки. За време на ударот го скршила вратот и останала да лежи. Родителите се обидувале да ја вратат во живот, но за жал немало помош. Екипата на Брзата Помош можела само да потврди смрт.Телото ѝ било пренесено во Инситутот за судска медицина, додека дома се изршил увид да се види како настрадала.

За време на вчерашниот ден во селото Младеновац владеел молк. Продавниците биле затворени, а сите биле дел од поворката која одела до патот до вечниот дом на Ирена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега