Ирма ја покоси Флорида, 5-мина загинати - МНР: Нема повредени Македонци

Ураганот Ирма однесе 5 животи на Флорида и прунуди на евакуција над 6 милиони луѓе. Меѓу загинатите  нема македонски државјани информираа од Министертсвото за надворешни работи.   Ирма во јужните делови на Флорида удри со  брзина на ветрот од 220 киломтерти на час. Над 4  милиони луѓе останаа без електирчна енергија а делови од погодените градови  се целосно поплавени. Штетите допрва ќе се утврдуваат.  

- Заздравувањето ќе чини многу пари. Во моментов, ние сме загрижени за животите , не за трошоците изјави  претседателот на САД  Доналд Трамп.

Во оваа созјуна американска држава  е прогласена состојба на природна катастрофа. Флорида сепак  не ја зафатило  најлошото сценарио велат од Националниот центар за урагани . Според прогнозите,   до утре ураганот ќе премине во  тропска бура.  Американската сојузна држава Џорција е следна на патот на Ирма.

 

 

 

11.09.2017 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега