Исчезна 51-годишен полицаец од Делчево, полицијата трага по својот колега

Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово.

Лицето за исчезнато е пријавено утринава по што е започната потрага од страна на МВР.

Полициски извори за МИА го потврдија настанот и додадоа дека (Т.С) често рибарел на споменатата локација, а во четвртокот на местото заминал со своето возило Застава 101, кое е пронајдено во близина на истата локација.

Повеќе детали за текот на потрагата за исчезнатиот Т.С кој инаку е вработен во МВР Делчево најавија во текот на вечерта. 

 

12.06.2021 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега