Исчезна славната актерка, полицијата мисли дека се удавила, синот пронајден сам на бродот (ФОТО)

Актерката Наја Ривера исчезна на езерото во Јужна Калифорнија, а нејзиниот четиригодишен син е пронајден сам на брод.

Полицијата верува дека 33-годишната sвезда од серијата „Гли“ се удавила, а потрагата по нејзиното тело е прекината во текот на ноќта па продолжила денеска. Нејзиното синче Џоси Холис Дорси, наводно, им рекол на полицајците дека мајка му скокала во водата и дека повеќе не се вратила.

Полицијата, брзата помош и другите служби започнале потрага по американската актерка Наја Ривера (33) во средата вечерта откако нејзиниот четиригодишен син е пронајден сам на изнајмен брод на езерото Пира, Калифорнија, јавуваат странските медиуми.

Според информациите од канцеларијата на шерифот на округот Вентура, Ривера го изнајмила чамецот околу 13 часот. Екипажот на друг брод го пронашол нејзиниот син сам три часа подоцна.

Излетниците веднаш пријавиле можно исчезнување и започнала потрагата по актерката. По неа трагаат хеликоптери, дронови и нуркачки тимови.

Не се пронајдени повредени кај четиригодишното дете, а тој им кажал на истражителите дека тој и неговата мајка отишле на пливање, но дека таа никогаш не се вратила на бродот.

Ривера ден претходно објави фотографија од себеси и синот на Твитер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа