Исчезнат скопјанец пронајден мртов кај Црн Врв

45-годишен скопјанец кој се водеше за исчезнат е пронајден мртоов од страна на полицијата кај местото „Празна торба“ над Црн Врв.

-Вчера во 16.15 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје на местото викано „Празна торба“, над Црн Врв, бил пронајден починат У.Ф.(45), за кого претходниот ден неговата сопруга пријавила дека се оддалечил од дома. Во близина бил пронајден и неговиот патнички автомобил „лада нива“, со скопски регистарски ознаки. Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2021 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега