Исени: СВР Охрид и РЦ Запад подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар - Запад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа