ИСИС подготвува нов терористички напад во следните шест месеци


Американските власти тврдат дека нападот врз трговскиот центар „Крокус Сити Хол“ во Москва во петокот, на 22 март, го извршила најнемилосрдната фракција на Исламската држава Хорасан (ИСИС-К) и предупредуваат дека има способност и волја да ги нападнат американските и западните интереси во следните шест месеци, пишува Њујорк Тајмс.

Весникот наведува дека шефот на Централната команда на американската војска, Мајкл Курила, на 21 март го предупредил комитетот на Долниот дом на Конгресот дека ИСИС-К „има способност и волја да ги нападне интересите на САД и на Западот во следните шест месеци, речиси без предупредување“.

Брус Хофман, истражувач на тероризмот во Советот за меѓународни односи, ги отфрли тврдењата на Русија дека Украина стои зад терористичкиот напад во Москва и посочи дека тоа е „класичен начин на работа на ИСИС“.

Ова е нивни трет напад на концерт на северната хемисфера во изминатата деценија, вели Хофман и потсетува на нападот во Париз во 2015 година на театарот Батаклан и на бомбашкиот напад во Манчестер во 2017 година, на концертот на пејачката Аријана Гранде.

25.03.2024 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега