Искршен телевизор и крв насекаде: Жената која била пронајдена мртва во Охрид најверојатно била убиена

Починатата М.М. која завчера била пронајдена мртва во објект кај кампот Андон Дуков најверојатно е убиена – дознава News1.mk од извори во истрагата.

Жената била пронајдена со повреди на главата и крв, а во просторијата имало и траги на насилство, искршен бил и телевизорот.

СВР Охрид соопшти дека на 3 мај С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега