Исламистите го користат коронавирусот како оружје: Неверојатно упатство издадено во џихадистичкиот магазин

Џихадистите се обидуваат да ја искористат пандемијата поттикнувајќи ги милитантите на луѓето да им даваат заштитни маски прекриени со отров, стои во упатствата издадени во нивниот магазин.

Новиот магазин „Волците на Менхетн“, што се однесува на нападите на 11-ти септември 2001-ва година во Њујорк, ги објавува медиумска куќа блиска до Ал Каида, а ги повикува фанатиците да ги убиваат “неверниците” на посебен начин – со заштитни маски какви што се користат во време на пандемијата на коронавирусот.

 

Магазинот ги повикува „војниците на Алах“ да делат отровни маски насекаде каде што тоа е возможно.

 

„Не заборавајте да ја поддржите својата религија, да им вратите за вашите браќа во Палестина и да го исполните ветувањето на вашиот имам Осама Бин Ладен, дека крстоносците никогаш нема да имаат безбедност доколку истата ја немаме ние во Палестина“, пишува магазинот.

Следбениците исто така се советуваат да продолжат да ги користат традиционалните оружја, вклучувајќи бомби, пушки и ножеви, но и камења и оган.

 

Извештајот се појави само неколку седмици откако „Њујорк Тајмс“ пренесе дека израелските оперативци, делувајќи со американско овластување, го убија вториот човек на Ал Каида во Техеран.

 

Убиството на Абдулах Ахмед Абдулах, попознат како Абу Мухамед Ал-Масри на 7-ми август, се случи на 22-годишнината од смртоносните напади на две американски амбасади во Африка, во чија што организација учествуваше тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега