Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети.

Кон околу 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од близу 298 милиони денари.

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и кои оствареното производство го имаат предадено во преработувачки капацитет во период од 26 декември 2022 година – 25 декември 2023 година.

Висината на финансиската поддршка, пак по корисник, изнесува три денари за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на финансислата поддршка изнесува пет денари за предадените колични во период мај – јуни 2023 година и ноември – декември 2023 година, се наведува во соопштението од МЗШВ.

19.06.2024 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега