Исповед на баба од Цетиње која се сретнала „очи во очи“ со Бориловиќ: Само немој да ме убиеш

Вук Бориловиќ уби 10 луѓе, а повреди уште шест пред да биде застрелан во Цетиње, па сега за српските медиуми изјави даваат дел од луѓето кои го преживеале кошмарот.

Бабата Даринка Челебиќ (88) излезе од болница и даде исповед за српски „Курир“, при што кажа дека се сретнала очи во очи со убиецот.

„Бев дома кога дојде. Се појави наеднаш на терасата, а јас стоев наспроти него. Ме гледаше, а јас му реков: Немој да ме убиеш, немој да пукаш во мене. Потоа ја дигна пушката и пукна кон мене“, открива Даринка.

Бабата од Цетиње открива дека успеала да избега, иако била повредена, па одела сама до болница, каде што дознала кого сè застрелал Бориловиќ.

17.08.2022 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега