Исповед на лекар во болница во Парма: Постарите од 60 години не ги ставаме на респираторни машини (ВИДЕО)

Израелски доктор кој работи во болница во Парма вели дека медицинските работници добиле упаатства од надлежните на не се ставаат постарите од 60 години на респиратори.

Тоа доволно говори за ужасната ситуација во Северна Италија, епицентар на коронавирусот кој досега зарази 70.000 луѓе во таа земја, а починаа дури 6.820 лица.

Доктор Гал Пегел за израелски ТВ канал „Н12“ рече дека работи во болницата и дека има многу малку респираторни машини, кои тешко заболените пациенти ги одржува во живот, по медицинскиот персонал практично одлучува кој да преживее.

-Ситуацијата во болниците е ужасна, таа не се подобрува, туку се влошува. Добивме упатство постарите под 60 години да не ги ставаме на респираторни машнини, бидејќи нема доволно за оние на кои им е попотребно. Освен респиратори нема доволно и машини за ЦРП, поради што ние лекарите сме одговорни да одлучуваме кој пациент ќе добие третман за спасување на животот и додава дека и покрај строгиот карантин на пациентите кои умираат им ја исполнуваме последната желба да се простат од своето семејство.

Владата во Рим поради алармантната сируација била принудена да донесе уште построги мерки, па наложи затварање на сите продавници и компании чија работа не е неопходна во вонредна ситуација.

Експертите очекуваат оваа ндела да биде клучна, бидејќи се надеваат мерките да дадат резултати. Бројот на новозаболени и жртви конечко почна полека да се намалува, па се верува дека епидемијата го постигна пикот, но се уште е рано да се зборува.

Вирусот го погоди северот на Италија, додека на југот ситуацијата е нешто подобра.

 

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега