Истражување: Граѓаните повеќе му веруваат на Мицкоски, отколку на Заев

Граѓаните повеќе му веруваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, отколку на лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, покажа истражувањето на ИПИС.

Всушност, најголемиот дел од испитаниците одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар. Ваков одговор дале 33.1% од анкетираните граѓани.

Потоа, испитаниците одвориле дека најголема доверба имаат во Мицкоски (18.2), веднаш после него, следува Заев, со доверба од 13.9% од анкетираните граѓани.Во останатиот дел од табелата, може да ја проверите довербата која ја имаат граѓаните во другите политичари.

 

 

Инаку ова е истражување на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведено преку телефон, во периодот помеѓу 19 и 21 ноември 2021 на 1105 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразија своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања во моментот.

 

 

22.11.2021 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега