Истражување: Повеќето Руси сакаат мир со Украина

Според анкетата спроведена од руските медиуми, 65 отсто од Русите би поддржале мировен договор со Украина доколку биде предложен од Владимир Путин, пренесуваат медиумите во регионот.

Од друга страна, истражувањето спроведено од Руската социолошка агенција покажало дека 60 % од граѓаните би го поддржале Путин во случај тој повторно да реши да го нападне Киев, односно повеќе од половина биле за продолжување на конфликтот, пишува „Скај њуз“.

Анкетите покажале дека 59 % од Русите веруваат дека таканаречената воена операција трае предолго, а 28 % од луѓето не се согласуваат. Речиси 30 % од нив веруваат дека војната ќе трае уште една година, според написите.

09.08.2022 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега