Италија: Можно воведување нови санкции против Русија

 

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска, во Горниот дом на Парламентот, изјави дека можеби ќе бидат потребни нови санкции против Русија за да се принуди претседателот Владимир Путин да седне на преговарачка маса и да се стави крај на конфликтот во Украина.

- Клучно е да се засили притисокот врз Путин за да го натераме да започне преговори. Мора да ги искористиме сите инструменти со кои располагаме за да му го отежнеме финансирањето на неговата воена машинерија. Тоа вклучува и нови санкции, нагласи Тајани.

11.09.2025 - 22:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега