Италијанец на 101 година го победи коронавирусот - излезе од болница и повторно се сретна со семејството

Еден од најстарите пациенти заразени со вирусот Ковид-19, 101-годишен маж од италијанскиот град Римини, се опорави од вирусот, јавуваат денеска италијанските медиуми.

Добрите вести за 101-годишникот ги пренесе заменичката-градоначалник на Римини Глорија Лиси, велејќи дека „г-дин П. успеал“, и дополни дека тој синоќа ја напуштил болницата во Римини и „заминал кај своето семејство“.

Во Италија, каде што повеќе од 60.000 луѓе се заразени со коронавирусот, се очекува дека оваа недела ќе биде клучна за резултатите од строгите мерки преземени од Владата на земјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега