Италијанската полиција запленила 1,1 тони кокаин

Кокаин во количина од 1.128 килограми бил запленет во Италија, а лажна пратка со околу еден килограм дрога била запечатена со систем за следење за кого е наменета толку голема количина дрога, пишува „Независне“.

Според порталот, најголем дел од кокаинот вреден околу 50 милиони евра, кој во меѓународна акција го запленила италијанската полиција, требало да заврши на пазарот во Босна и Херцеговина. 

Две лица како дел од акцијата се уапсени од Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) во БиХ, во оваа голема меѓународна акција фатени се голем број луѓе од Италија, Црна Гора, Македонија и БиХ.

Станува збор за меѓународна акција во која е пресечен голем ланец на организиран шверц на дрога, а за кој најпрво дознала италијанската полиција, која во соработка со колегите од другите земји ја следела пратката.

Како што пишува „Независне“, во едно пристаниште во Италија полицијата запленила неколку контејнери полни со кокаин, кои требало да бидат пратени во Бар во Црна Гора, па потоа во Македонија и БиХ.

Порталот пишува дека полицијата од контејнерот успеала да извади 970 пакети наркотици тешки 1.128 килограми, а лажна пратка со околу еден килограм дрога била запечатена заедно со систем за следење за да се утврди за кого е наменета толку голема количина на дрога.

-„Независне“ дознава дека во Бар стигнале шест камиони, од кои четири камиони пристигнале од Македонија по запечатените контејнери незнаејќи дека полицијата ги следи, а наместо наркотици во нив имало само килограм кокаин кои биле оставени од истражителите, пишува порталот.

Другите два камиони влегле во БиХ незнаејќи дека всушност возат празни контејнери и оти истражителите го следат и нивното патување.

И СИПА потврдила дека учествувала во меѓународната акција за разбивање на шверц на кокаин, и оти две лица се уапсени, но не прецизирале детали за акцијата, ниту чии камиони влегле во БиХ.

Портпаролот на Агенцијата изјавил дека две лица се уапсени и ќе бидат предадени на надлежното Обвинителство.

-На подрачјето на БиХ полициски службеници на СИПА уапсија две лица, сослушаа повеќе сведоци, и претресеа повеќе лица, објекти и во таа прилика одземени се предмети кои можат да послужат како доказ во дадена кривична постапка, рече портпаролот на СИПА, Лука Младиновиќ.

-СИПА акцијата за апсење ја извела во соработка со полициските и правосудните органи на Италија, Македонија и Црна Гора како дел од меѓународна оперативна акција за сузбивање на шверц на дрога, пишува „Независне“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 00:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега