Италијански политичар објави книга со празни страници - стана бестселер

Книгата за ултрадесничарскиот италијански опозициски политичар Матео Салвини е на врвот на најпродавани наслови на италијанскиот Амазон, иако содржи само празни страници.

Книгата „Зошто на Салвини треба да му се верува, да се почитува и обожува“ која опфаќа 110 празни страници и има цена од 6,99 евра, веќе со денови се наоѓа на врвот на листата на најпродавани книги на оваа онлајн продавница. 

„Книгата е полна со празни страници. И покрај долгогодишното истражување, не можевме да пронајдеме ништо што би рекле по тоа прашање, па затоа ве молиме, слободно искористете ја за свои белешки“, стои во описот на книгата.

Како автор е наведен „Алекс Грин – политички аналитичар“ и веројатно станува збор за псевдоним. Според Амазон, книгата е објавена од страна на приватна компанија во февруари 2019 година.

Очигледната шега го привлече вниманието на многу италијански медиуми, а критиките на Амазон се претежно позитивни. Просечната оценка на книгата за Салвини е 4,7 sвезди.

„Долго и напорно читање, но вредеше“, напишал во коментари еден потрошувач.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега