Италијанскиот милионер Џанлука Ваки се вакцинираше во Србија

Популарниот италијански милионер и Инстаграм ѕвезда на Инстаграм, Џанлука Ваки (52), познат и како „Плејбој“,се вакцинираше денеска во Србија, на Белградскиот саем.

Тој пристигнал во главниот град на Србија со приватен лет, само за да се вакцинира. За неколку недели Џанлука повторно ќе дојде во Белград на ревакцина, а можноста да ја прими вакцината против коронавирусот, според медиумите, му ја овозможил пријател од Србија, белградскиот бизнисмен Андреј Кесиќ.

Италијанскиот плејбој додека се вакцинирал го искористи моментот да ја соблече маицата и да го покажа своето тело. Бил расположен и насмеан цело време, а доброто расположение го пренел и на медицинскиот персонал.

Џанлука Ваки се прослави со танцови видеа, а со години е во центарот на вниманието и е еден од сопствениците на најпопуларните профили на Инстаграм, кои ги следат милиони.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега