Итно приземјен авионот на Ентони Блинкен

Делегацијата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен била принудена да патува со автомобил од Париз до Брисел поради механички дефект во авионот, соопшти  Стејт департментот.

Блинкен веќе имал проблем со авионот во јануари годинава кога накратко бил заглавен во швајцарското одморалиште Давос поради технички проблем, пренесува „Ројтерс“.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО денеска се среќаваат во Брисел пред 75-годишнината од формирањето на алијансата за да разговараат за преземање на координацијата на испораката на оружје за Украина, која во моментот ја водат САД.

Податоците од Советот за американско-исламски односи (CAIR) покажаа дека исламофобијата во САД е во пораст, а дискриминацијата и насилството врз муслиманите, особено Палестинците, достигнаа рекордно ниво минатата година, поттикнати од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Примарната причина за овој бран засилена исламофобија беше ескалацијата на насилството во Израел и Палестина во октомври 2023 година“, се наведува во извештајот.

03.04.2024 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега