Ивановска: За 4 години во Ѓорче е изградено два пати повеќе отколку за 12 години

„Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во секојa општина, во секој град, секое село. 
 
Темпото на СДСМ веќе јасно е препознаено од ѓорчепетровци. За четрири годни асфалтиравме улици во должина од 34, 7 километри, поплочени со бехатон се улици во должина од 5,3 километри, поставена е фекална канализациона мрежа од 40 километри, водовод од 4,8 километри, изведени се паркиг простори на површина од 7710 метри квадратни, поставена е атмосферска канализација во должина од 5,1 километар“-потенцираше денеска Марина Ивановска, кандидат за советник од редовите на СДСМ.
 
Таа истакна дека за четири години било двојно повеќе сработено отколку во изминатите 12, додавајќи дека нивната програма го има најдоброто за Ѓорче Петров. 
 
„Во следните четри години ќе продолжат инвестициите во подземната инфраструкра, со изведба на атмосферска, канализациона и водоводна мрежа, асфалт наместо кал,  реконструкција на улиците , локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, и поддршка на инфраструктурата неопхдна за развој на алтернативниот туризам. Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија. Високо на нашата агенда  е чистата и здрава животна средина-Чиста наместо загадена вода, Хигиена наместо ѓубре.
Чесно и отчетно, работиме со партие од граѓаните за граѓаните“-потенцираше Ивановска.
 

03.10.2021 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега