Избегнете ја гужвата - По овие улици во Скопје викендов не се вози

 

Посебен сообраќаен режим ќе се воведе денеска и утре во период од 14:00 до 22:00 часот поради одржувањето на Европското атлетско екипно првенство во националната арена „Тоше Проески“ во Скопје.

Како што соопштуваат од МВР, за сообраќај ќе биде затворена улицата позади западната трибина на националната арена „Тоше Проески“.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска и утре ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим поради изведување градежни работи на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Од МВР соопштија дека сообраќајот по улицата „Димитрие Чуповски“ во насока на движење од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува лево и десно по булеварот „Свети Климент Охридски“, а сообраќајот по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува право по улицата „Свети Кирил и Методиј“ и лево по улицата „Костурски херои“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2019 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега