Избегнувајте ги овие улици: Затворена за сообраќај крстосницата кај Собранието

 

Од 6 часот денеска до понеделник во попладневните часови, поради изведување градежни работи целосно затворена за сообраќај ќе биде крстосницата меѓу улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“ кај Собранието.

За сообраќај ќе бидат слободни само десното вртење од улицата „Даме Груев“ кон улицата „11 Октомври“ и десното вртење од улицата „Филип Втори Македонски“ кон улицата „Димитрие Чуповски“.

Автобускиот превоз ќе се движи по улиците „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2020 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега