Изгоре камион кај Неготино

Изгоре камион утрово кај Неготино, за МИА потврди Иле Илиев, командир на неготинската Тероторијална противпожарна единица. Пожарникарите со две противпожарни возила најбрзо што можат интервенирале на лице место.

– Дополнителна несреќна околност беше што камионот, со македонски регистарски ознаки, бил полн со хартија. Тоа допринело огнот кој првично се јавил кај моторот, уште повеќе да се разгори, појасни Илиев.

Причинета е материјална штета, а дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега