Изгореле 25 јагниња во пожар во Сирково

Во СВР Велес завчера околу 22.00 часот било пријавено дека во село Сирково настанал пожар во трло со овци, сопственост на В.А.(40), при што изгореле 25 јагниња, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци и бил извршен увид на местото на настанот.

Синоќа пак,  во 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека од неисправен комбајн настанал пожар на жито на нива на фирма на место викано „Тиклик“, во село Вешје, неготинско. Пожарот бил изгаснат. Бил извршен увид на местото на настанот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега