Изгорениот автобус бил произведен пред 13, а не пред 3 години

Автобусот на компанијата „Беса транс“, кој изгоре во Бугарија, и однесе 45 животи бил стар 14 години.

Од македонското МВР информираа дека станува збор за возило кое било произведено во 2007 година.

Вчера бугарскиот извршен директор на Националното здружение на автобуски превозници Ивајло Константинов, за БНР изјави дека изгорениот автобус не е стар три, туку барем 15-20 години.

„Неговиот модел е најмногу од 2005-2008 година. Ако сопственикот тврди дека тој е стар три години, можно е меѓу македонските фирми да има таква пракса старите автобуси да ги рециклираат во Турција, притоа да ги менуваат сите гнили со нови делови. Тоа води до компромитирање на оригиналните фабрички изолации, што се огноотпорни. Оваа друга изолација не се знае со какви материјали се прави. Јас тоа не можам да го тврдам, но ако некој тврди дека автобусот е стар три години, тоа не е вистина, зашто е видливо од моделот на превозото средство“, рече Константинов.

Обвинителите претходно соопштија дека автобусот бил ново, односно стар едвај три години, пренесоа бугарските медиуми.

26.11.2021 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа